Како се создадени „Столбовите на Созданието“?

Во 1995-тата година, вселенскиот телескоп „Хабл“ го тренираше својот поглед на внатрешноста од отвореното ѕвезденото јато NGV 661 (објектот: Eagle Nebula) – голем облак од гас и прав, на 7000 светлосни години оддалеченост од Земјата.

Добиениот резултат била фотографијата „Столбови на Созданието“, една од најсимболичните вселенски фотографии на сите времиња.

Научниците сметаат дека „столбовите“ на фотографијата (познати и како „слонoвски сурли“) – се формирани како поладни меѓуѕвездени гасови носени од интензивна радијација и силни ветрови, кои пак се предизвикани од нивните соседни, масивни ѕвезди – тип „О“ ѕвездите.

Тип „О“ ѕвездите, се 16 пати помасивни од Сонцето и нивната површинска температура достигнува и до 30,000 °С. Научници тврдат дека тип „О“ ѕвездите, можат да ги движат ѕвездените формации, преку создавање на развојни меури во облакот и копресирање на околниот гас.

Скот Балфор, астроном од Универзитетот Кардиф, сакал да дознае што ќе се случи кога ќе се формира масивна тип „О“ ѕвезда во облак од гас. Кондензирал космички феномен од 1.6 милиони години, во само неколку недели, според комјутерско време, со цел да успее да ја изведе својата симулација.

Моделот уредно прикажува потполно иста структура, забележана од астрономите во класичната слика од 1995 година, расветлувајќи ја идејата дека џиновските тип „О“ ѕвезди имаа голем ефект во фомирањето на околината. Доколку сум во право, тип „О“ ѕвездите и останатите масовни ѕвезди, играат многу покомплексна улога во негувањето на нови генерации на ѕвездени браќа и сестри, одошто ние мислиме – вели Балфор.

Неговата симулација покажува дека воздушните меури од тип „О“ ѕвездата би можеле:

  • бесконечно да се равијат
  • да растат, малку да се смалат и да останат статични
  • да пораснат, до степен да се збијат до центарот на облакот.

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.