Големата Црпалка

Прекрасна ноќ, топла покривка и темно небо, полно со сјајни ѕвезди. Ова се елементи на одлична ноќ за набљудување на ѕвезди и соѕвездија.

Соѕвездијата се групи од ѕвезди на небото, кои доколку меѓусебно се спојат со замислени линии, формираат некој имагинарен лик. Ѕвездите во соѕвездијата, биле дефинирани и определени од меѓународни групи на астрономи. Поголем дел од соѕвездијата имаат долга истроија и биле пронајдени пред илјадници години.

Ѕвездите од едно соѕвездие се најчесто далеку една од друга, но гледано од планетата Земја, изгледаат како да се во непосредна близина.

Едно од најпопуларните и најлесно препознатливи соѕвездија на небото, е соѕвездието Голема Мечка или Ursa Major. Ова соѕвездие е лесно препознатливо поради неговите седум најголеми ѕвезди, познати под името Големата Црпалка. Иако за Големата Црпалка понекогаш се вели дека претставува соѕвездие, таа е всушност астеризам. Астеризам во астрономијата означува препознатлива група на ѕвезди кои не се вбројуваат во официјалните соѕвездија.

Големата Црпалка е составена од седумте најсветли ѕвезди до соѕвездието Голема Мечка.

Како и сите други групи на ѕвезди, така и Големата Црпалка го менува своето место низ годината. На лето, не е многу тешко да ја пронајдеме бидејќи нејзиниот уникатен облик на црпалка или лажица е лесно забележлив.

Две ѕвезди, кои се наоѓаат во делот на црпалката кај оваа група на ѕвезди, ни помагаат при лоцирање на ѕвездата Северница, најсјаната ѕвезда во соѕвездието Мала Мечка. Таа е сместена во близина на северниот небесен пол.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.