Галаксија

Дали сте знаеле дека галаксијата во која ние се наоѓаме, Млечениот Пат, е просечна и има маса од 100 милијарди сончеви маси? Дисковите на спиралните галаксии ротираат и тоа е она што им ја дава нивната карактеристична форма. Спиралните галаксии се населени со најмлади, најтопли и најсјајни ѕвезди, но исто така и со региони на создавање на ѕвезди, со прашина и гасни облаци.

Галаксија е голема, гравитациски поврзана збирка од ѕвезди, меѓугалактички гасови, плазми и невидливи темни материи. Гравитационата сила помеѓу ѕвездите ги држи галаксиите. Галаксиите се основни градбени единици на Универзумот.

Морфолошката класификација на галаксиите е систем на поделба на галаксиите во групи зависно од нивниот изглед. Постојат неколку шеми на класификација на галаксиите во зависност од нивната морфологија, од кои најпозната е „Хабловата низа“, осмислена од американскиот астроном Едвин Хабл, а подоцна дополнета од францускиот астроном Жерар де Вокулер и американскиот астроном Алан Сендиџ.

Галаксиите, според големината, се делат на најмали, или џуџести галаксии, кои содржат околу 10 милиони ѕвезди, па сé до енормно големи галаксии, кои содржат повеќе од билион ѕвезди. Се претпоставува дека во видливиот дел на универзумот постојат повеќе од стотина милијарди галаксии. Повеќето се со дијаметар од 1000 до 100 000 парасеци и вообичаено се раздвоени меѓу себе со растојание од милиони парасеци (или мегапарасек). Парсекот е единица за астрономска должина, еднаква на околу 31 трилион километри.

Просторот помеѓу галаксиите е исполнет со плазма која не достига поголема вискозност од еден атом на метар кубен. Супермасивните црни дупки може да постојат во центарот на скоро сите галаксии. Се смета дека тие се примарен двигател на активни галактички никулци кои се наоѓаат во јадрото на некои галаксии. Млечниот пат има барем еден таков објект.

Галаксиите се категоризираат според нивната очигледна форма. Идентификувани се повеќе видови на галаксии, но најстарата и најпрочуена поделба е на спирални и елиптични. Помал број на галаксии се познати како неправилни, односно ирегуларни.

Спиралните галаксии имаат дисковиден облик со централна грутка, како нашата галаксија, или галаксијата Андромеда. Релативната големина на дискот и грутката варира од галаксија до галаксија. Нивните маси се од десетина милиони сончеви маси за џуџестите системи, до неколку стотици маси на нашата галаксија. Од испакнатината кон надвор, се протегаат релативно светли краци. Овие спирални краци ротираат околу центарот, но со константна аголна брзина. За нив се смета дека се подрачја на материја со голема густина, или “густински бранови”. Како што ѕвездите се движат низ краците, просторната брзина на секој ѕвезден систем се менува од гравитациската сила со поголема густина.

Елиптичните галаксии, според Хабеловата класификација, се делат на седум класи во зависност од нивната елиптичност. Овие галаксии содржат релативно мала количина на меѓуѕвездена материја. Ѕвездите содржат мало изобилство на тешки елементи, бидејќи формирањето на ѕвезди престанува по иницијалната експлозија. Тие имаат некои сличности со многу помали збиени јата. Формирањето на нови ѕвезди е ретка појава во ваквите галаксии. Тоа значи дека во ваквите системи доминираат стари ѕвезди кои орбитираат околу локалниот центар за гравитација, во произволен правец. Најголемите галаксии во повеќето случаи се гигантски елиптични галаксии. Се верува дека поголем дел од елиптичните галаксии се формирале по колизија и спој на повеќе галаксии во една.

Ирегуларните галаксии се општо помалку масивни од типичните елиптични, или спирални галаксии. Имаат неправилна структура, исполнета со големи количини на гас и прашина.

Како дополнение, постојат и други класи на галаксии, со кои не се среќаваме често. Можеби најинтересни се галаксиите со активно галактичко јадро.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.