Дали ѕвездите паѓаат?

Ѕвездите и планетите не се единствените нешта кои лебдат во вселената. Постојат и други небесни тела. Некои од овие небесни тела се мали како честички прашина, а некои пак се многу големи.

Метеори се оние светлосни појави кои ги нарекуваме „ѕвезди што паѓаат“. Но, тие немаат никаква поврзаност со ѕвездите, освен волшебниот сјај. Метеорот настанува со јонизација на атмосферата и се појавува на височина од 75 километри до 100 километри над површината на Земјата. Тие претставуваат мали карпести парчиња. Удирајќи во атмосферата на Земјата-горат и од нивниот блескав пламен на небото ни се причинува дека тоа е ѕвезда што паѓа. Она што ние го забележуваме е всушност светлата трага на метеорот.

Можеби се прашувате: зарем не е опасно да паѓаат камења во пламен со огромна брзина низ вселената? Одговорот е – вообичаено, не. Повеќето метеори се помали од зрно песок и горат уште пред да пристигнат до Земјата. Многу ретко може некој метеор да го преживее патувањето низ нашата атмосфера и да успее да дојде површината на Земјата, притоа претворајќи се во метеорит. Појавата кога поголем број метеори зрачат и се набљудуваат од еден многу мал небесен дел, се нарекува метеорски дожд. Во текот на годината има повеќе од 50 метеорски дождови. Невообичаените метеорски дождови познати како метеорски бури, можат да содржат повеќе од 1000 метеори на час.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.