Црна дупка

Ѕвездите се масивни небесни тела, создадени главно од водород, кои произведуваат енергија преку нуклеарна фузија (соединување на јадра и елементи). Штом ѕвездата ќе ја потроши сета своја енергија, експлодира во супернова. Од остатокот на ѕвездата се формира неутронска ѕвезда.

Штом огромните неутронски ѕвезди, ја потрошат својата енергија и не можат повеќе да ја одржуваат својата тежина, започнуваат да умираат. При крајот на животот на една неутронска ѕвезда, таа создава повеќе слоеви од различни елементи околу неа. Првиот слој е слој од водород. Кога таа умира, овој слој од водород ја притиска кон центарот и ја прави се помала и помала. На крајот неутронската ѕвездада се притиска во еден малечок простор (помал и од атом) и се создава црна дупка.

Црните дупки не се всушност вистински дупки и не се празни. Тие претставуваат мали точки, со количество на маса колку три сонца кое е спакувано во многу малечок простор. Масата и дава огромна и моќна гравитација на црната дупка, со чија помош таа голта се што ќе се најде во нејзина непосредна близина, како ѕвезди, гасови па дури ни светлината повлечена од црна дупка, не може да излезе од неа.

Гравитацијата на црната дупка функционира како вакум. Доколку некогаш сте користеле вакум, или пак правосмукалка, сигурно сте забележале како прашината, честичките и сите мали зрнциња започнуваат се движат кон неа штом таа им се доближи. Гравитацијата на црните дупки функционира на сличен начин. Како што небеските елементи се приближуваат кон црната дупка, нејзината многу моќна гравитација започнува да ги повлекува кон себе.

Светлината патува најбрзо од сé, со 299338 километри на час. Штом светлината не може да и избега на црната дупка, тогаш може да претпоставиме дека не постои нешто што може!

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.