13 неверојатни вселенски откритија на 2014 година

Научниците открија прилично неверојатни работи во вселената во 2014 година. Неколку планети, вклучувајќи ја и првата планета слична на Земјата, во една погодна ѕвездена зона. Астронoмите открија трио на супер-масивни црни дупки, ѕвезди во процесот на спојување во една џиновска, како и ѕвезди создадени од дијаманти.

Но, некои од највозбудливите нешта, беа откриени во нашиот соларен систем. Ги вклучуваме: првите прстени забележани околу астероид, облаци од водена пареа исфрлени од џуџестата планета Церера, распад на астероид и, она штo се верува дека е нова џуџеста планета, билиони километри во далечината. Да не заборавиме – и за прв пат слетавме и на комета.

1

1. Во април, астрономите ја открија првата планета по големина колку Земјата, лоцирана во погодна ѕвездена зона – регион каде може да постои течна вода. Концептот на авторот ја прикажува планетата по име Кеплер, 11 пати поголема од Земјата. Целта е да се пронајде друга планета мошне слична Земјата, а оваа – иако повеќе личи на роднина отколку на близнак на нашата планета – е доста блиску. 

2

2. Во јуни, астрономите објавија дека оваа новооткриена ѕвезда е бело џуџе и толку студена (за ѕвезда), што нејзини јаглеродни атоми се кристализираат во дијаманти и речиси воопшто не сјае. Орбитира околу неутронска ѕвезда – ѕвезда густа колку атомско јадро. 

3

 

3. Илиустрацијата прикажува систем од две млади ѕвезди кои орбитираат мошне блиску една до друга, што дури се допираат. Најверојатно ќе се соединат во една ѕвезда, 60 пати поголема од Сонцето.

4

4. Илустрацијата ја прикажува кометата C/2013 A1 како пролетува покрај Марс, во октомври, на 140013 километри оддалеченост од него – најголемата близина на прелетување на комета до планета, без притоа кометата да се урне во планетарното тело.

5

5. Во текот на летото, астрономите беа подготвени да видат како мистeриозна грутка гас, по име G2, е изедена од супер-масивна црна дупка, во центарот на галаксијата. Но, на крајот грутката (портокаловиот објект на илустарцијата) успеала да го избегне варењето. Астрономите претпоставиле дека се работи за ѕвезда, со цел да го објаснат овој изненадувачки опстанок.

Artist’s impression close-up of the rings around Chariklo

6. Прстените повеќе не се карактеристични единствено за планетите како Сатурн. Во март, астрономите објавија дека објект, налик на астероидот, има прстенест систем кој се гледа во концептот на артистот. 248 километраски широкиот објект Чарикло, орбитира помеѓу Сатурн и Уран. Неговите прстени се густи и полни со мраз, што ги прави релативно светли – слично на минијатурна верзија на Сатурн.

7

7. Речиси за сите големи галаксии, се верува дека поседуваат супер-масивни црни дупки во својот центар, како во глакасијата NSG 1275. Но, ова лето, астрономите објавија опис на галаксија која поседува трио од црни дупки.

8

8. Во јануари, вселенската опсерваторија Хершел откри облаци од водена пареа, исфрлени од џуџестата планета Церера – најголемиот објект во астероидниот појас. Научниците сметаат дека изливите од водена пара избиваат кога Церера се доближува до Сонцето – веројатно поради сублимацијата на површинскиот мраз. Церера се смета за карпесто тело, покриено со слој од мраз кој е толку дебел што би можел да содржи поголемо количество свежа вода, одошто содржи Земјата.

9

9. Во март, астрономите го објавија пронајдокот на нешто што е веројатно џуџеста планета, со најдалечна позната орбита и движење меѓу 11.265.408.000 километри и 67.592.448.000 километри оддалеченост од Сонцето. Официјалното име на објектот е  2012 VP113.

ALMA image of the protoplanetary disc around HL Tauri

10. Телескопот Алма во Чиле, ја зграби оваа слика на планетарен систем. Ѕвезда се оформува од колапсот на облак од гас и прашина, кој се повеќе се сплескува при вртењето. Честичките од прашината, се држат заедно со цел да формираат планета. Овој приказ, објавен во ноември, е најдеталниот приказ на новороден систем.  

11

11. Астрономите за прв пат забележаа астероид, во средина на своето распаѓање на најмалку 10 парчиња. Телескопот Хабл ги улови овие моменти на распарчување на астероидот P/2013 R3м, во период од октомври 2013 година до јануари 2014.  

12

12. Во септември, научниците го објавија пронајдокот на црна дупка, кој се чини преголема за нејзината галаксија – ултра-компактната џуџевска галаксија по име M60-UCD1. Црната дупка тежи 21 милион пати повеќе од масата на Сонцето.

13

13. И се разбира, кометата 67Р/Чуриумов-Герасименко. Откритијата само што започнуваат. Научниците очекуваат многу пронајдоци од малата сонда Фила и вселенскиот апарат Розета, кој ја следи кометата кон Сонцето.

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.