Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close
Предавања

Дневен избор

Да си збориме за Stranger Things ...

New Order - Elegia Минатиот месец ни донесе тажна вест во приказната за изминувањето на времето: јапонската фирма за електроника Funai, го најави крајот на последната продукциска линија на видеорекордери - ритамот и текстурата на детството. За некои од нас, ова би требало да е тежок удар. Среќната околност во приказната е подарокот за обесштетување - Stranger Things , драмата на Netflix , која дебитираше на почетокот на месец јули - морничава приказна која се одвива во 1983 година, раскажува за исчезнувањето на едно момче и вонредните случувања во малото градче Хокинс , Индијана . Секој вљубеник во маестралните раскажувачи од таа деценија, Стивен Спилберг и Стивен Кинг , веднаш ќе ги препознае темите и амбиентот. Со совршена атмосфера од 80-тите и со нашите добро информирани херои на велосипеди, кои си имаат работа со чудовиште и со владини агенти, Stranger Things , мошне искрено ги покажува своите влијанија. Кратко резиме: Мајк, Дастин, Лукас и Вил играат Dungeons & Dragons во подрум, во фиктивниот град Хокинс . Нешто не е во ред во еден владин објект надвор од градот. Енигматично ...

Кери | Стивен Кинг

Многумина би го поздравиле начинот на кој Стивен Кинг раскажува приказна, секогаш со неверојатно дејствие по кое трчеме закачени за описите, до последната страница. Но, приоритетот на Кинг е ликот . Токму тој фокус го прави различен. Можеби на Ден Браун не му требаат толку ликови, ама Стивен Кинг - кариерата ја изгради со нив. Размислете за Стивен Кинг и ќе се сетите на Џек Торенс , фрустрираниот пистел кој полудува и се обидува да си го убие семејство во „ Сјаење “. Тука е „ Мизери “ и „ вистинската љубителка “ Ени Вилкс , или Кери Вајт од „ Кери “- книгата која започна сé. „ Кери “ е напишана во 1973, кога Кинг беше ужасно сиромашен, живееше во приколка, со плата на наставник во средно, повремено надополнета од продажба на хорор приказни во списанија и пишуваше за да им овозможи на своите деца - лут, депресивен и подложен на пиење. Книгата се движи со брзање - почнува и завршува со излив на менструална крв. Многу едноставно: Кери Вајт е тинејџерка со умествени моќи, но и доминантна, побожна мајка. Кога првиот менструален циклус ја зафаќа во училишната ...

Нордиска верзија на Хари Потер?

Британската писателка Ј. К. Роулинг, најави цела низа нови училишта кои постојат во магичниот универзум на Хари Потер. Основани се единаесет престижни волшебнички училишта низ светот, заедно со помали и поскромно регулирани институции, од кои не речиси сите се регистрирани од соодветно Министерство. Доколку сте во потрага по волшебничко училиште во ваша близина, едноставно испратете барање по був до образовната управа на МСВ ( Меѓународниот Сојуз на Волшебници ). Ова е одличен тајминг за Евен Амундсен , поранешниот концептуален артист на Blizzard Entertainment, Inc . кој во изминатата година внимателно креира свое магично улилиште, поставено на нордиска територија. Се вика Волурхајм - училиште за страронордиски митови и магии. Детализирани се и ликовите кои ќе го водат училиштето и предметите кои ќе ги предаваат. Ви го претставуваме директорот: Амундсен вели: „Откако повторно ги препрочитав книгите за Хари Потер, ме стигна идејата дека е неверојатно нефер тоа што немаме училиште за магија во Скандинавија. Мислам, ако сметаат дека е во ред о ...

Скриените џинови низ дивината на Копенхаген

Се викам Томас Дамбо и сум дански уметник кој работи со рециклирани материјали. Во изминатите 3 години имам создадено 25 рециклирани скулптури низ светот, а неодамна и 6 скулптури на скриени џинови во мојот роден град, Копенхаген . Скулптурите се сместени во дел од моите омилени места низ градот - локации каде луѓето не одат многу често бидејќи се настрана од разгазените патеки. Единствено, можете да ги најдете со помош на мапа на скриено богатство, или пак со песна изгравирана на камен во близина на секоја скулптура - совет за како би ги нашле џиновите . Скулптурите ги изработив од рециклирано дрво - главно од 600 стари палети, стара дрвена барака, ограда и се останато што бев во можност да соберам. За изработката на секоја од нив имав помош од локални волотери, по кого и ги именував џиновите. Се надевам дека мојата уметност ќе ги инспирира луѓето да го согледаат големиот потенцијал во рециклирањето и подобро да се грижат за нашата планета. Малата Тилда Томас на планината Оскар под мостот Трин на врвот Заспаниот Луи Другаро ...

Последни

Гик Клуб

gikpovtorno

Истражувај

УЧИЛИШНО КИНО

УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА

МУЗИЧКИ ХОЛ

patopisi